motori Motokros-Smolevo-2011-139Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија,во техничка организација на МК Мотостарс од Битола со поддршка од Општина Битола, ЕЛЕМ и Цермат, на 20 мај на патеката Смолево крај Битола се одржа натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.

Motokros-Smolevo-2011-139

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија,во техничка организација на МК Мотостарс од Битола со поддршка од Општина Битола, ЕЛЕМ и Цермат, на 20 мај на патеката Смолево крај Битола се одржа натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.

Повеќеилјадната публика имаше можност по убаво и сончево време да ужива во атрактивните возења и прекрасни скокови на најдобрите македонски натпреварувачи, а меѓународен карактер на натпреварот му дадоа четирите гости од Грција.

Во најмалата класа МХ85 можевме да ја видиме иднината на македонскиот мотокрос. Сигурна победа извојува Андријан Ристевски (Хонда, МК Мотостарс) пред своите клупски колеги, Христијан Станковиќ (КТМ) и најмладиот учесник 8 годишниот Лука Ристевски (КТМ).

Во класата МХ2 видовме очекуван расплет и поделба на местата на подиумот. Христиан Илиоски (Хонда, МК Пелистер) не дозволи никакво изненадување пред своите обожаватели и победи пред двојката на МК Мотостарс која настапува со Сузуки, Благојче Спировски и Никола Гулевски. Од странските натпреварувачи најуспешен беше Јорго Анастасиадис (Јамаха) освојувајќи го четвртото место.

Во најсилната класа МХ1 убедлива победа однесе Гоце Томовски (Хонда, МК Гого). Второто место го освои младиот Михаил Бајовски (КТМ, МК Мотостарс), а трет беше Јован Јовановски (Сузуки, МК Мотостарс) кој закрепна од повредата.

Возбудлива трка видовме и во класата МХ3. Повратникот на патеките и поранешниот петкратен шампион на Македонија, Николче Тодоров (Сузуки) успеа да биде најуспешен во домашна конкуренција пред клупски колеги од МК Мотостарс, Борче Костов (Сузуки) и Јован Стојков (Јамаха). Сепак, Тодоров и во двете возења не успеа да одолее на нападите од грчкиот претставник Петрос Танусис (КТМ) кој на крајот беше најдобар во вкупниот пласман на класата МХ3.

Следниот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос е веќе во четврток, 24 мај на патеката во Орман крај Скопје.

Резултати од денешната трка:

Извор: „МФМ“

Back To Top