motori enduro-veles-2012-191Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Мото Велес на 27 мај крај Велес се одржа првиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.

enduro-veles-2012-29

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Мото Велес на 27 мај крај Велес се одржа првиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.

enduro-veles-2012-120

Патеката со должина од 15 километри натпреварувачите ја минуваа по четири пати, а во рамките на секој круг имаше брзински испит кој содржи елементи од мотокрос, ендуро и екстрим. „Брзинецот“ беше и најпривлечен за повеќеилјадната публика со оглед на конфигурацијата на теренот, одличната прегледност и панорамата од која се гледа целото езеро „Младост“.

enduro-veles-2012-165

Најголеми потешкотии на натпреварувачите им зададоа вештачките пречки од гуми и камења, а најуспешните и најбрзите беа поздравени од публиката со громогласни аплаузи. Јунак на денот е секако Валентин Тошев (МК Брзкруг) кој убедливо беше најбрз во генералниот пласман, а ја однесе победата и во најбројната Е2 класа. Во конкуренција на 11 натпреварувачи за второто место се избори Панче Андонов (МК Мото Велес), а трет беше минатогодишниот шампион Ивица Милошевиќ (МК Мотори).

Кликни овде за сите слики од трката.

enduro-veles-2012-198И во другите 3 класи на победничкото место се искачија домашни натпреварувачи. Во класата Е1, Драган Ванов (МК Мото Велес) беше поуспешен од Филип Кондратенко (МК Гого) и дебитантот Роберт Нушков (МК Брзкруг). Во класата Е3 видовме одлично возење од дебитантот Горан Тасиќ (МК Мото Велес) кој со сигурно возење победи пред Борче Костов (МК Мотостарс) и Амир Амети (МК Шари мотокрос). Во класата Т1 доминираше двократниот шампион Виктор Ефремов (МК Мото Велес), а место на подиумот освоија и Ивица Гиновски (МК Ендуранс тим) и Ѓоко Филиповски (МК Мото Велес).

Резултати:

Извор: МФМ

Back To Top